Потрошувачката кошничка во Македонија чини 8,31 евро

Bez autora
Jan 27 2011

Потрошувачката кошница на шест основни производи во Македонија изнесува 8,31 евро или околу 500 денари и е најниска во регионот после Србија, каде изнесува 8,26 евра. Поскапа кошничка од нас плаќаат Хрватите која ги чини 8,42 евра, а жителите на Босна и Херцеговина 8,91 евра. Бугарите за шест основни продукти издвојуваат 8,95 евра, Црногорците 9,15 евра, а најскапа е потрошувачката кошничка во Албанија која изнесува 10,46 евра. Од Центарот за економски анализи (ЦЕА) се потрудиле да подготват електронска алатка, наречена калкулатор за персонална инфлација, која им овозможува на граѓаните прецизно и брзо да ја пресметаат личната инфлација, но и како промените на цените во Македонија влијаат на нивниот личен семеен буџет.

Потрошувачката кошничка во Македонија чини 8,31 евроПотрошувачката кошница на шест основни производи во Македонија изнесува 8,31 евро или околу 500 денари и е најниска во регионот после Србија, каде изнесува 8,26 евра.

Поскапа кошничка од нас плаќаат Хрватите која ги чини 8,42 евра, а жителите на Босна и Херцеговина 8,91 евра. Бугарите за шест основни продукти издвојуваат 8,95 евра, Црногорците 9,15 евра, а најскапа е потрошувачката кошничка во Албанија која изнесува 10,46 евра.

Од Центарот за економски анализи (ЦЕА) се потрудиле да подготват електронска алатка, наречена калкулатор за персонална инфлација, која им овозможува на граѓаните прецизно и брзо да ја пресметаат личната инфлација, но и како промените на цените во Македонија влијаат на нивниот личен семеен буџет. Оваа алатка е бесплатно достапна на веб-страницата www.cea.org.mk.

Борче Треновски од ЦЕА вели дека досега само 80 граѓани ја посетиле нивната веб-страница и ја искористиле алатката, за да ја пресметаат личната инфлација иако услугата е достапна веќе една година.

- За да можеме да дадеме релевантни податоци колку промената на цените влијае на личната инфлација потребно е да имаме најмалку 8.000 посети - вели Треновски.

Тој посочи дека податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за влијанието на инфлацијата врз потрошувачката кошница се прават за 597 производи во осум града во Македонија и оти со нив се мери просечното влијание на инфлацијата.

- Ние не ја оспоруваме методологијата на ДЗС, но не постојат две индивидуи кои имаат иста потрошувачка кошница и кои исто ги погодува општиот пораст на цените. Во зависност од структурата на потрошувачката кошница различно е и влијанието на инфлацијата. Зголемувањето на одредени цени кај некого повеќе влијае врз домашниот буџет, а кај некого помалку во зависност од производите што ги користи - појаснува Треновски.

Калкулаторот за персонална инфлација на секого му дава можност да оцени колку промените на одредени цени влијаат на неговиот домашен буџет.

- Досега никој не покажал интерес да ја оцени алатката дали е релевантна или не - вели тој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik